Акционерското друштво ВАРДАР АД Градско (во натамошниот текст “АД Вардар” или “Друштвото”) е
основано во 1945 година со назив Државно сточарско стопанство Вардар Градско од Градско. Првата
трансформација на Друштвото е во осумдесетите години кога се соединува со АК Лозар од Велес и го
добива називот Основна организација на здружен труд Вардар Градско. Во 1994 година, Друштвото
преминува од државна во приватна сопственост и станува Акционерско Друштво Вардар 03 Градско.
Основна дејност на Друштвото е производство на храна и промет на суровини за преработувачката
индустрија.
Во рамките на неговото работење се вклучени следните дејности:
Производство на житни, индустриски, градинарски и фуражни култури;
Производство на грозје;
Производство на овошје;
Производство на раноградинарски култури;
Производство на производи од областа на овчарството;
Доработка на семенски материјал;
Промет со сопствените производи.
.