За нас

Акционерското друштво ВАРДАР АД Градско (во натамошниот текст “АД Вардар” или “Друштвото”) е
основано во 1945 година со назив Државно сточарско стопанство Вардар Градско од Градско. Првата
трансформација на Друштвото е во осумдесетите години кога се соединува со АК Лозар од Велес и го
добива називот Основна организација на здружен труд Вардар Градско. Во 1994 година, Друштвото
преминува од државна во приватна сопственост и станува Акционерско Друштво Вардар 03 Градско.
Основна дејност на Друштвото е производство на храна и промет на суровини за преработувачката
индустрија.
Во рамките на неговото работење се вклучени следните дејности:
 Производство на житни, индустриски, градинарски и фуражни култури;
 Производство на грозје;
 Производство на овошје;
 Производство на раноградинарски култури;
 Производство на производи од областа на овчарството;
 Доработка на семенски материјал;
 Промет со сопствените производи.

.